Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Молебен за успешна школска година
Молебен за успешна школска година
9.09.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 09. 09. 2023 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фануриј (заштитник на учениците) во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од градот Велес.

По Литургијата се отслужи Молебен за успешна школска година за Човекољубивиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина Македонија и на светата Македонска православна црква.

На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на Мајката Божја и на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.

 

 
< Претходно   Следно >