Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Успение на Пресвета Богородица
Успение на Пресвета Богородица
28.08.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот на Успението на Пресвета Богородица беше отслужена света Божествена Литургија во храмот посветен на Успението Богородично во Велес, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот Драги Гаштарски.

Во превечерјето на денот во кој се чествува Успението на Богомајката, во храмот посветен на ова второ воскресение, како што уште се нарекува, во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица. Чествувањето на Успението на Пресвета Богородица во градот Велес, започна на 26. 08. 2023 година, со отслужување на Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист, во црквата посветена на Богородичното Успение. На службата беа осветени петолебија, кои верниците ги принесоа за здравје и благосостојба.

 

 
< Претходно   Следно >