Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Преображение Господово
Преображение Господово
21.08.2023.

 

Sample Image

 

Фотогалерија

На големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и ја положи својата рака врз главата на досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Славче Ѓорѓиевски од Велес, со што клирот на Повардарската епархија беше збогатен со уште еден свештеник. Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.

На крајот на Литургијата, Митрополититот и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 

 
< Претходно   Следно >