Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети великомаченик Пантелејмон
Свети великомаченик Пантелејмон
9.08.2023.

 

Sample Image

 

Фотогалерија: Вечерна богослужба и Духовна академија

Фотогалерија: Божествена Литургија

На 8 и 9 август 2023 година, Велес го чествуваше споменот на својот патрон и заштитник, светиот великомаченик Пантелејмон. Овој празник се чествува и како официјален празник на градот Велес и под покровителство на Општината од пред десетина години и покрај тоа што жителите на градот Велес неговата закрила ја чувствуваат многу одамна, за што сведочи и изградбата на Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, по чии молитви, градот бил спасен од страшната чума која се појавила во XIX век.

Празнувањето започна со Вечерна Богослужба на која голем број верници од Велес молитвено го просеа застапништвото пред Бога од светиот вмч. Пантелејмон, нивниот закрилник. На Вечерната богослужба присуствуваа и градоначалникот на Велес г-дин Марко Колев, советниците од Општината, како и голем дел од претставниците на институциите од градот.

По Вечерната богослужба беше организирана Духовна академија на која со пригодни зборови се обратија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев, претставникот на Музејот на град Велес, г-ѓа Елица Николова, како и проф. д-р Велика Ивковска, автор на Монографијата за Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“, која се промовираше на оваа духовна академија.

На самиот ден, како централен настан на празнувањето, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од целата епархија. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, а и по нејзиното завршување, не престануваа реки од народ да се движат кон Соборниот храм  за да му се поклонат на својот закрилник, светиот Пантелејмон. На оваа Литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го произведе во чин ипоѓакон, досегашниот чтец Љупче Игновски од Велес.

 

 
< Претходно   Следно >