Илинден |
3.08.2023. | |
На денот кога Македонската православна црква го чествува споменот на светиот пророк Илија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, отслужи света Божествена Литургија во црквата "Св. Кирил и Методиј" во Велес. На овој ден, кој Република Македонија го чествува како свој национален празник, годинава се навршуваат точно 120 години од Илинденското востание, па затоа Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Панихида за сите оние наши браќа и сестри кои ги положија своите животи за слобода на Македонскиот народ и стремежот за слободна и независна држава Македонија.
|
< Претходно | Следно > |
---|