Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Дела на свети Јован Златоуст - нови изданија

 

Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

Sample ImageВозљубени,

на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник.

На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

 

 
 

 Божикно послание                        Распоред на богослужби

 
Дела на свети Јован Златоуст - нови изданија
6.07.2023.

 

Sample Image

Возљубени браќа и сестри,

Би сакале да споделиме со Вас една голема духовна радост, а тоа е дека во склоп на нашата Издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“, денеска излегоа од печат првите два тома од „Делата на свети Јован Златоуст“ кои со векови наназад се неодминлива духовна храна за секој искрен и посветен православен верник, насекаде во светот. Свети Јован Златоуст е „златната уста“, односно „духовната труба“ на Православието, воопшто. Тој е еден од најголемите, најпочитуваните, најчитаните, најцитираните и најзначајните Свети Отци и Учители на Црквата Христова, и затоа денес е историски ден за нашиот македонски православен народ, бидејќи за првпат на македонски јазик се издава едно вакво значајно капитално дело, потпишано од овој голем Светител и сенароден Учител. Останатите шест тома, од вкупно осумте, кои како цела едиција во најблиска иднина ќе бидат испечатени и издадени, се во фаза на подготовка. Овие први два тома ги преведе Анета Ѓеорѓиевска-Наковска. Целата едиција од осумте тома од „Делата на Свети Јован Златоуст“ се свечено издание на Повардарската епархија по повод официјалното признавање на автокефалноста на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија.

Преговор на едицијата „Дела на свети Јован Златоуст“

Цената на книгите е 800 денари по том, а нарачката на првите два тома, како и досега можете ја направите на тел. 043 221 231, или пак да ни пишете на нашата е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете . Нарачките исто така можете да ги извршите и на Фејсбук профилот на Повардарската епархија.

 

 
< Претходно   Следно >