Сенароден собир во Скопје |
30.06.2023. | |
Со благослов на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 29.6.2023 година, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по завршувањето на Вечерната богослужба и на Молебниот канон кон Пресвета Богородица, се одржа сенароден собир против содржината на Законите за родова еднаквост и за матична евиденција. На овој масовен собир, народот едногласно и категорично се спротивстави на овие закони и на нивното имплементирање. Собирот помина во мирна и достоинствена атмосфера. Фотографии на страната на Скопската епархија
|
< Претходно | Следно > |
---|