Вознесение Христово |
26.05.2023. | |
![]()
На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Вознесението во Гевгелија беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство на епархијата. Традиционално, молитвено присуствуваа голем број верници од градот Гевгелија. На оваа Литургија, Митрополитот Агатангел по одлука на Синодот на МПЦ-ОА, го произведе протоерејот Љупче Миланов, во чин ставрофор со право на носење на граден крст. По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи.
|
Следно > |
---|