Осветување на црква во село Бистрица |
8.05.2023. | |
На 07 мај 2023 Лето Господово, во Неделата на Раслабениот, се освети црквата на светите апостоли Петар и Павле во селото Бистрица. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија. По чинот на осветувањето на храмот се отслужи и света Божествена Литургија во него, а со слово кон присутните верници се обрати Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни вeрници од Бистрица, Велес, Скопје и други околни населени места.
|
< Претходно | Следно > |
---|