Велики Четврток |
13.04.2023. | |
Со света Василиева Литургија на Велики Четврток во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, започна чествувањето на торжествените денови кои му претходат на Христовото Воскресение. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од епархијата. По завршувањето на Литургијата беше извршен општ маслосвет, кој се прави за здравје и спасение и исцелување на духовните и телесните болести на сите верници. Митрополитот го поучи насобраниот народ зошто се осветува ова масло и кога и како да го користи ова осветено масло.
|
< Претходно | Следно > |
---|