Цветници |
10.04.2023. | |
На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во сите поголеми храмови ширум Повардарската епархија беше отслужена Света Божествена Литургија. Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство, чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Верниот православен народ од денешниот ден го започнува чествувањето на најтешката седмица во историјата на човештвото, седмицата на Христовите страдања која уште се нарекува и „Страстна“.
|
< Претходно | Следно > |
---|