Крстопоклона недела |
20.03.2023. | |
На 19. 03. 2023 година, во третата недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Повардарската епархија, отслужи света архиерејска Литургија, во црквата „Св. вмч Димитриј“ во Кавадарци. Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек. Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.
|
< Претходно | Следно > |
---|