Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети Агатангел Битолски
Свети Агатангел Битолски
13.03.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Божествена архиерејска Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија.

Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото паство на Повардарската епархија се произнесе протоереј Љупче Миланов, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ.

По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.

На многаја лета, владико свет!

 

 
< Претходно   Следно >