


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Прва статија од Богородичниот Акатист |
| 6.03.2023. | |
|
Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица", „Св. Кирил и Методиј“ и "Св. Јован Крстител" во Велес.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|