Ракополагање на свештеник |
27.02.2023. | |
Во Неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештеници отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во свештеник, протоѓаконот Сашо Ристов од Штип. Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.
|
< Претходно | Следно > |
---|