Пуштен во употреба конак за ноќевање во Гевгелија |
23.02.2023. | |
Повардарската епархија го возобнови и го пушти во употреба црковниот конак - преноќиште во градот Гевгелија, во кој ќе може да престојува секој патник-добронамерник кој за тоа има потреба. Овој објект е всушност поранешната свештеничка (попска) куќа во градот Гевгелија, која по долги години на постепено пропаѓање, со благослов и силна ангажираност на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, внатрешно и надворешно целосно се реновираше. Конакот располага со седум соби и апартмани, со најсовремени услови за престој, а исто така во приземјето е изграден и ресторантски дел со летна тераса. Ваков објект, односно градски црковен конак е прв од ваков вид на територијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. |
< Претходно | Следно > |
---|