


| Божикна забава за лицата со церебрална парализа |
| 7.01.2023. | |
|
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година се организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Свештениците го благословија овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им поделија пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие дечиња и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес. И оваа година на забавата со своето присуство не почести и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев. |
| < Претходно | Следно > |
|---|