


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Бадник |
| 6.01.2023. | |
|
На Бадник, свештеници од градот Велес отслужија Вечерна со Света Василиева Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња и примерок од „Библијата за млади читатели“, а беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес. Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ до Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот г-дин Марко Колев.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|