Прослава на патронот во епархискиот параклис |
8.12.2022. | |
![]()
Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов. На самиот ден на чествувањето на Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј Борислав Бобевски во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски.
|
< Претходно | Следно > |
---|