Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Чествување на патронот во Македонската богословија
Чествување на патронот во Македонската богословија
7.12.2022.

 

Sample Image

 

Чествувањето на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“.

Чествувањето започна со Вечерна богослужба во капелата на Македонската богословија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и Епископот Стобиски г. Јаков. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците, професори во Богословијата, а молитвено сите ученици богослови.

По завршувањето на Вечерната богослужба, беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Повеќе фотографии на сајтот на Скопската епархија

 

 
< Претходно   Следно >