Собор на свети Архангел Михаил |
22.11.2022. | |
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Долни Дисан се отслужи Света Ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители на Повардарската епархија. На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред Светиот Архангел Михаил и молитвено го побараа неговото застапништво пред Бога. На крајот на Литургијата верните се причестија со Светите Христови дарови.
|
< Претходно | Следно > |
---|