Осветување на црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес |
14.10.2022. | |
Возљубени, со огромна духовна радост Ве покануваме да присуствувате на осветувањето на новата црква „Свети Јован Крстител“ во Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор. храм „Свети Јован Крстител“ - Велес 22. 10. 2022 (САБОТА) † 17.00 часот - Празнична вечерна Богослужба на која ќе богослужи Митрополитот Повардарски г. Агатангел; 23. 10. 2022 (НЕДЕЛА) † 08.30 часот - Чин на осветување на новата црква „Свети Јован Крстител“; † 09.30 часот - Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митополититот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство на Повардарската епархија.
![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|