|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Света Божествена Литургија во Нови Сад |
3.10.2022. | |
![]()
На 02.10.2022 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел сослужуваше на светата архиерејска литургија, која ја служеше Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. Порфириј, во соборната црква „Св. Ѓорѓи“ во Нови Сад. На Литургијата сослужуваа бројни архиепископи на СПЦ и архиепископи од помесните православни цркви, а на неа беше извршен свечен чин на канонизација на свети Иринеј, епископ бачки и свети бачки маченици. Од Македонската православна црква сослужуваа уште и Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Повеќе информации за овој настан на интернет страната на СПЦ |
< Претходно | Следно > |
---|