Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Семакедонски православен собор, 2022
Семакедонски православен собор, 2022
30.09.2022.

Возљубени духовни чеда на нашата света македонска Црква,

Ве информираме дека на 09. 10. 2022 година (Недела), односно на денот кога црковно ќе им оддадеме почит на сите македонски светители, a истовремено ќе прославиме и 55 годишнина од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, ќе го оддржиме традиционалниот „Семакедонски православен христијански собор“, настан кој во себе ја содржи силната и нераскинлива врска, која го поврзува македонското национално битие со православната вера, настан на кој ќе упатиме апели за уште посилно зацврстување на таа врска која го одржува македонското опстојување, настан на кој ќе имаме можност да го покажеме нашето македонско единство, љубовта кон својот православен македонски род, љубовта кон нашиот мајчин македонски јазик, како и љубовта кон нашата земја Македонија која почива во прегратките на целата небесна ерархија.

На Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски Синод, како и бројно свештенство и монаштво на нашата света Македонската православна црква.

Затоа, го повикуваме македонскиот православен народ, на овој ден да земе учество на светата Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци и да биде дел од овој традиционален собор, кој имаме силна желба и потреба истиот да го одржиме жив уште многу години.

 

  •         Пречек на Архиепископот и Митрополитите во 08.30 часот.
  •          Божествената Литургија ќе биде директно пренесувана на првиот програмски канал на Македонската телевизија.

 

  

Sample Image

 


 

 
< Претходно   Следно >