Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow „Патокази за вечност“ - ново издание
„Патокази за вечност“ - ново издание
6.09.2022.

 

Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Патокази за вечност“ од Антони Конијарис. Ова издание во кое се собрани три дела од овој автор (Пораките од Неделните Евангелија 1 и 2 дел, како и Проповеди на големите празници во Православната црква) го печатиме и посветуваме за секој православен Македонец, кој се интересира за Православната вера, за секој верник, како и за сите сегашни и идни свештеници, и веруваме дека преку неговите проповеди многумина ќе најдат одговори на нивните дилеми, многумина ќе научат нови работи за верата и духовниот живот, а на свештениците ќе им биде пример за тоа, како треба да се служи на Бога и на народот, и како да се проповеда Христовото Евангелие, најпрво со својот живот, во и надвор од храмот, а потоа и со зборови.

Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на ѓакон Петар Кабранов.

Предговор на книгата

Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

Цена на книгата 500 денари 

 
< Претходно   Следно >