Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ново рездание на Православниот Молитвеник

 

СИНОДСКО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

 

 


Возљубени!

Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани.

Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа.

Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.

 

 
Ново рездание на Православниот Молитвеник
6.09.2022.

 

Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати реиздание на православниот „Молитвеник“. Ова е четврто реиздание на „Молитвеникот“ во Повардарската епархија, кое го подготвивме во два различни печатени концепти, со мека и со тврда корица. Ова ново издание на „Молитвеникот“, освен досегашните молитви, дополнет е со акатистите „Слава на Бога за сѐ“ и кон Ангелот чувар, и повеќе молитви кон повеќе светители и за разни потреби. Тука се и молитвите кон светителите чии имиња ги носиме и оние кои ги славиме како домашни слави - домашни закрилници.

Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

Цена на Молитвеникот: Мек повез 200 денари, Тврд повез 300 денари 

 
< Претходно   Следно >