Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Призив на Светиот Дух

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 
Призив на Светиот Дух
5.09.2022.

 

Sample Image

 

Фотогалерија

  На 4 Септември 2022 г., во дванаесеттата недела по Педесетница, кога светата Црква ги празнува светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив; светата маченичка Евлавија; и светата маченичка Антуиса и другите со неа, со благослов на нашиот Ректор, беше отслужена архиерејска литургија, со што, се означи почетокот на новата учебна година.

На светата архиерејска литургија чиноначалствуваше нашиот ректор, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и отците-професори во нашата Богословија.

По завршувањето на Божествената Литургија, се изврши чинот Призив на Светиот Дух.

За време литургијата, Митрополитот Јосиф се произнесе со пригодна беседа, поучувајќи учениците, преку своите духовни совети, на духовно растење и достојно служење на светата Црква.

По завршувањето на чинот Призив на Свет Дух, поздравно слово произнесе и професорот ѓакон Илија Петров.

Подготвил:  ѓакон Илија Петров

 

 

 
< Претходно   Следно >