


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Вечерна богослужба |
| 29.08.2022. | |
|
Во превечерјето на денот во кој се чествува Успението на Богомајката, во храмот посветен на ова второ воскресение, како што уште се нарекува, во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица. Чествувањето на Успението на Пресвета Богородица во градот Велес, започна на 26. 08. 2022 година, со отслужување на Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист, во црквата посветена на Богородичното Успение. На службата беа осветени петолебија, кои верниците ги принесоа за здравје и благосостојба. Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/V1bMfFM6mgzJS7d38 |
| < Претходно | Следно > |
|---|