


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Преображение Господово |
| 22.08.2022. | |
|
На големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од целата епархија. На крајот на Литургијата, Митрополититот и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови. Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/9YWasDJidUgY8KzE6
|
| < Претходно | Следно > |
|---|