Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Педесетница - Духовден |
12.06.2022. | |
Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови во светот. Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија. По причестувањето, Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.
Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/WuQrH8vemVv1Zarq9
|
< Претходно | Следно > |
---|