Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Преосветување на црквата во Пирава

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 
Преосветување на црквата во Пирава
30.05.2022.

 

Sample Image

 

На 29. 05. 2022 година, се изврши преосветување на црквата „Св. вмч. Георгиј“ во валандовското село Пирава. Чинот на преосветување на храмот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на повеќе клирици на Македонската православна црква.

По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Повардарски г. Агатангел. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на селото Пирава. Црквата „Св. вмч. Георгиј“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис.

Во предвечерјето на овој свет чин се отслужи празнична Вечерна богослужба.

Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/XQdvDabEuTA71PyBA

 
< Претходно   Следно >