Конкурс за прием на ученици во МПБ |
23.05.2022. | |
Конкурс за прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје за учебната 2022/23 година Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: – Да завршиле основно образование; – Да имаат основно познавање од Православието; – Да се телесно и душевно здрави; – Да не се постари од 18 години; – Да не се женети; Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење. Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од V до IX одделение. Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни. Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани. Молбите за прием се поднесуваат до надлежниот епархиски архиереј и до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 17.06.2022г. (петок), со почеток од 09:00ч. Кандидатите треба да ги приложат следниве документи: – Свидетелство за свето крштение; – Свидетелства од V до IX одделение; – Благослов од надлежниот архиереј; – Лекарска потврда; – Писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист. Упис на вонредни ученици не се одобрува. Од Управата на Богословијата
|
< Претходно | Следно > |
---|