Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 
Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски
23.05.2022.

 

Sample Image

 

На 21.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во молитвено присуство на Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Дебарско-Кичевски г. Тимотеј и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше воскресна вечерна богослужба. После вечерната богослужба беше отслужена последната панихида за новопрославениот угодник Божји, преподобниот Јоаким Крчовски.

Проповед на Митрополитот Повардарски г. Агатангел за новопрославениот угодник Божји, преподобниот Јоаким Крчовски: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=2746&Itemid=104

 

Sample Image

 

На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалничлки г. Иларион, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент и епископ Стобиски г. Јаков.

На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил. На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 
< Претходно   Следно >