Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Читање на 12 страдални Евангелија |
21.04.2022. | |
![]()
На Велики Четврток вечерта, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, отслужи утрена богослужба на која бea прочитани 12-те страдални евангелија во кои се опишани настаните поврзани со распнувањето и страдањата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („...Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14). Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици. Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/ZZH1yiWiwydn5PiD7 |
< Претходно | Следно > |
---|