Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Распоред на празничните богослужби
Распоред на празничните богослужби
18.04.2022.

- 19. 04. 2022 година (ВТОРНИК) – Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе чиноначалствува со Литургијата на претходно осветени дарови во Соборниот храм на МПЦ-ОА „Св. Климент Охридски“ во Скопје;

- 21. 04. 2022 година (ЧЕТВРТОК - УТРО) - Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе сослужува на Василиевата Божествена Литургија со членовите на САС на МПЦ во Соборниот храм на МПЦ-ОА „Св. Климент Охридски“ во Скопје; а во Велес Василиева Литургија со општ маслосвет ќе се служи во црквите „Св. вмч. Пантелејмон“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Богородица“ со почеток во - 07.30 часот;

- 21. 04. 2022 година (ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ВЕЧЕР) - 17.00 часот - Служба на читање на 12 - те страдални евангелија во црквата „Св. Богородица“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а ќе се служи и во црквите „Св. вмч. Пантелејмон“ и „Св. Кирил и Методиј“;

- 22. 04. 2022 година (ВЕЛИКИ ПЕТОК - УТРО) - 07.30 часот - Царски часови со Вечерна и изнесување на Плаштаница во црквите „Св. вмч. Пантелејмон“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Вознесение Христово“;

- 22. 04. 2022 година (ВЕЛИКИ ПЕТОК - ВЕЧЕР) - 17.00 часот Погребение Христово во црквата „Вознесение Христово“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и во црквите „Св. вмч. Пантелејмон“, „Св. Кирил и Методиј“;

- 23. 04. 2022 година (ВЕЛИКА САБОТА - УТРО) - 07.30 часот - Василиева Литургија во црквите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Богородица“;

- 23. 04. 2022 година (ВЕЛИКА САБОТА - ВЕЧЕР) ВЕЛИГДЕН - 23.00 часот - Златоустова Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и во црквите „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“;

- 24. 04. 2022 година ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН - Златоустова Литургија во црквата „Св. Богородица“ со почеток во 07.30 часот и Вечерна служба на Второ Воскресение - читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во храмот „Св. Кирил и Методиј“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 09.00 часот;

- 25. 04. 2022 година - ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН (втор ден)  - 09.00 часот Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ и во 08.15 часот во „Св. Богородица“, а Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе богослужи во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци со почеток во 08.15 часот;

- 26. 04. 2022 година - ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН (трет ден)  - 09.00 часот Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ и во 08.15 часот во „Св. Богородица“, а Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе богослужи во црквата „Св. Недела“ во Стојаково со почеток во 08.15 часот;

- 28. 04. 2022 година - СВЕТОЛ ЧЕТВРТОК - 17.30 часот - Воскресенска вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Димитриј“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел;

- 29. 04. 2022 година - ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА - 08.30 часот - Златоустова Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел;

- 01. 05. 2022 година – Свети апостол Тома – Томина недела - 08.15 часот - Златоустова Литургија во црквата „Св. Богородица“ во Ваташа, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 
< Претходно   Следно >