Благовештение |
8.04.2022. | |
И годинава, голем број на верници во Велес ги посетија православните храмови, присуствувајќи на Божествените Литургии по повод овој ден, за повторно и повторно да ја слушнат благата вест. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“ во Гевгелија. Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/8ebReovoC7QsmkFf9
|
< Претходно | Следно > |
---|