Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Светиот маченик Агатангел Битолски

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 
Светиот маченик Агатангел Битолски
12.03.2022.

 

Sample Image

 

На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Божествена архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија.
Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе свештеник Драги Гаштарски, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ.
По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.
На многаја лета, владико свет!

 

Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/iXJ1CPNvLeHgNLk7A

 
< Претходно   Следно >