Недела на Простувањето |
7.03.2022. | |
Во Неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која голем број верници молитвено побараа прошка од Бога. На Литургијата Митрополитот благоволи и го потстрижа во чин чтец, студентот на еолошкиот факултет, Андријан Ѓорѓиев од Велес. Во својата празнична беседа Митрополитот не повика сите да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.
Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/56wBtAQgzporDLth6 |
< Претходно | Следно > |
---|