На 20.01.2022, на денот кога Светата православна црква го чествува Соборот на свети Јован Крстител, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Божествена Архиерејска Литургија во Ветерскиот манастир, посветен на свети Јован.