![]() Возљубени, Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал. Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4 |
Свети Никола, Мирликиски Чудотворец |
20.12.2021. | |
![]()
На 19. 12. 2021 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип и Брегалничката епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип. Повеќе информации за овој настан на веб-страната на Брегалничката епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|