Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Чествување на празникот на свети Климент во Скопје

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

 Линк до филмот


 
Чествување на празникот на свети Климент во Скопје
9.12.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image Патронот на Македонската црква, Свети Климент Охридски, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Свети Климент. Оваа година со светата Божествена Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Антаниски г. Партениј, како и бројно свештенство на МПЦ-ОА, а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
Фотографиите се преземени од веб страната на Бигорскиот Манастир.

 

 
< Претходно   Следно >