Прослава на патронот во епархискиот параклис |
7.12.2021. |
Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј Ристе Јанушев во сослужение на протоѓакон Васил Ристовски. На самиот ден на чествувањето на Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Горан Панзов во сослужение ѓакон Бобан Ѓорѓиевски.
|