Семакедонски православен собор |
4.10.2021. |
На денот на кои го чествуваме споменот на сите македонски светители, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше одржан традиционалниот Семакедонски христијански православен собор. Со светата Божествена литургија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број верници, исто така, од сите градови на Повардарската епархија.
|