Преосветување - „Св. Кирил и Методиј“ Гевгелија |
22.09.2021. |
На 19. 09. 2021 година, се изврши преосветување на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Чинот на преосветување на храмот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на повеќе клирици на Македонската православна црква.
По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на градот Гевгелија. Црквата „Св. Атанасиј“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис. Во предвечерјето на овој свет чин се отслужи празнична Вечерна богослужба.
|