Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Саем на книгата 2021
30.08.2021.

 

Sample Image

 

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 08. 09. 2021 година до 14. 09. 2021 година пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Оваа година ќе претставиме дури седум нови изданија од нашата издавачка дејност, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Невидлива борба“, „Искачување кон воскресение“, „Моќта на името“, „Сродни души“, „Сестри“, „Христос е слобода“ и новото издание на Давидовиот „Псалтир“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
< Претходно   Следно >