Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Соопштение за преосветувања на цркви
Соопштение за преосветувања на цркви
30.08.2021.

Возљубени браќа и сестри во Христа,

Исполнети со голема духовна радост, што Севишниот Бог и Спасител, нашиот Господ Исус Христос благоизволи да умножуваме Небесни светила на земјата, односно Божји храмови, би сакале да Ве известиме за две големи духовни случувања:

Најнапред, Ве покануваме да присуствувате на преосветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија, што  ќе се изврши на 19 септември (недела) 2021 година. Во оваа црква, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се заврши целосното реновирање кое започна на 18.07.2016 година со целосна градежна реставрација, а понатаму со поставување на нов иконостас, нови икони, нов фресксоживопис и нови полиелеи.

Исто така, Ве покануваме и на осветувањето на црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, кое ќе се случи на 10 октомври (недела) 2021 година. Оваа црква која е изградена во 1834 година во слава и чест на светиот великомаченик Димитриј, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, целосно од темел се обнови. Целосната обнова на црквата започна во месец Мај, 2016 година, а се заврши во 2021-то лето Господово. Во Црквата е поставен нов иконостас, нови икони и фрески и нови полиелеи. Целосното реновирање на Црквата, финансиски го помогна и Општина Кавадарци.

Ве покануваме сите заедно да ги чествуваме овие два семакедонски црковни собори бидејќи градењето и грижата за Божјите храмови во слава на Едниот, Вистински и Жив Бог, македонскиот православен народ отсекогаш ги разбирал како градење на својот национален идентитет и на својата совесна христијанска личност.

 
< Претходно   Следно >