Успение на Пресвета Богородица |
28.08.2021. |
На денот на Успението на Пресвета Богородица беше отслужена света Божествена Литургија во храмот посветен на Успението Богородично во Велес, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес. Во превечерјето, пак, на денот во кој се чествува Успението на Богомајката, во храмот посветен на ова второ воскресение, како што уште се нарекува, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица.
|