Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ракополагање на ѓакон

 

Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

Sample ImageВозљубени,

на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник.

На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

 

 
 

 Божикно послание                        Распоред на богослужби

 
Ракополагање на ѓакон
20.08.2021.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од целата епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон, дипломираниот теолог Милан Дојчиновиќ од Струмица.

На крајот на Литургијата, Митрополититот и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 

 

 
< Претходно   Следно >