Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Матурираше 53. генерација богослови |
14.06.2021. | |
Денес, на 12.06.2021 година, беа доделени дипломите на 53. генерација богослови на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. На чествувањето кое се одржа по отслужената Архиерејска Литургија присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој годинава беше и во функција на пратеник на Светиот архиерејски синод на матурските испити, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски и воедно ректор на Богословијата, г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ проф. Ѓоко Ѓорчевски, како и целокупниот наставнички колегиум на Богословијата. Повеќе информации на веб-страната на Скопската епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|