Парастос на блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј |
19.05.2021. | |
На 20.05.2021 година се навршуваат 40 години од блаженото успение на Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј, првиот Претстојател на обновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. По тој повод, во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје се отслужи Парастос (Панихида ). На молитвениот собор чиноначалствуваше и беседеше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и на бројни презвитери и ѓакони. Повеќе информации на веб страната на Скопска епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|